УТРО.мк

Рекордни дождови во Тајланд: Повеќе од два милиони погодени, 33 загинати

Рекордни дождови во Тајланд: Повеќе од два милиони погодени, 33 загинати
Vero

Бројот на загинатите во катастрофалните поплави што го зафатија јужниот дел на Тајланд се искачи на 33 лица, соопшти портпаролот на владата Сирипонг Ангкасакулкиат.

Минатонеделните поројни дождови предизвикаа излевање на реките и поплави во десет јужни провинции. Најтешко погоден е градот Хат Јаи, каде што се измерени рекордни врнежи за изминатите три века – во само еден ден наврнале 335 милиметри дожд.

Властите распоредија воени бродови и хеликоптери за доставување помош и евакуација, додека медицинските екипи се подготвуваат носач на авиони да го претворат во пловечка болница. Дел од жителите уште го чекаат спасувањето на покривите од своите домови, целосно потопени од надојдената вода.

Повеќе од два милиони луѓе се погодени од поплавите, но засолниште засега добиле околу 13.000 лица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран