УТРО.мк

Имињата на новите министри ќе бидат утврдени до утре

Имињата на новите министри ќе бидат утврдени до утре
Vero

Имињата на новите министри од редовите на коалицискиот партнер ВРЕДИ ќе бидат познати до утре, а предлогот во текот на неделата ќе биде доставен до Собранието, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по доделувањето решенија за самовработување во рамките на Оперативниот план за вработување.

Тој истакна дека процесот е при крај и дека Владата ги финализира сите детали.

„До утрешниот ден ќе се финализираат сите работи, очекувам оваа недела да ги доставам до Парламентот. Кога ќе биде сѐ конечно, јавноста ќе ги знае имињата,“ изјави Мицкоски.

Во однос на тоа кога ќе бидат објавени имињата на поверениците во општините каде што не беа избрани градоначалници, премиерот кратко одговори дека јавноста ќе биде информирана уште денес.

„Нека поминат на владина седница. За кратко почнува седницата и јавноста ќе ги дознае за неколку часа,“ додаде тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран