УТРО.мк

Пукотници во Приштина – Обид за вооружен грабеж

Пукотници во Приштина – Обид за вооружен грабеж
Vero

Денеска околу 14 часот во населбата Сончев брег во Приштина се случил обид за вооружен грабеж на комбе кое превезувало пари, јавува „Газета експрес“. Според полициските информации, во инцидентот нема повредени, а осомничените успеале да избегаат.

Портпаролот на косовската полиција, Енис Плана, потврди дека пукотницата избувнала за време на обидот за грабеж. Полицијата и обвинителството интензивно работат на идентификување и пронаоѓање на сторителите.

Порталот „Калксо“ јавува дека за нападот се осомничени две лица кои избегале од местото на настанот со мотоцикл. Во близина е пронајден изгорен автомобил, но сè уште не е утврдено дали е поврзан со случајот.

Според досегашните информации, осомничените испукале неколку куршуми, но нема повредени. Веднаш по пријавата, полицијата го блокирала местото и го обезбедила со заштитна лента.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран