УТРО.мк

Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен патриот и е извонредно остроумен професионален војник!

Британски разузнавачи: Генералот Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен патриот и е извонредно остроумен професионален војник!
Vero

Генерал Михајло Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен македонски патриот и е извонредно остроумен професионален војник, кој ретко, ако не и воопшто, се меша во политиката. За време на војната тој покажа дека е храбар и способен водач и од јуни 1944 година стана Главен командант на македонскиот партизански отпор, се вели меѓудругото во извештаите на британските разузнавачи за периодот за време и по Втората светска војна за генералот Апостолски.

Скопје, 11 октомври 2025, (МИА) -Генерал Михајло Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен македонски патриот и е извонредно остроумен професионален војник, кој ретко, ако не и воопшто, се меша во политиката. За време на војната тој покажа дека е храбар и способен водач и од јуни 1944 година стана Главен командант на македонскиот партизански отпор.

Со вистински чувства ги опишува природните убавини на неговата земја и средновековните архитектонски споменици во неговиот роден регион, а со гордост го спомна театарот во Скопје каде што сега претставите се даваат на македонски јазик. Забележа, не без извесна пакост, дека додека порано Македонците требало да го учат српскиот, сега е обратно – Србите ќе седнат да го учат македонскиот јазик – се вели меѓудругото во извештаите на британските разузнавачи од 1945 и 1946 година.

Факт е дека за Михајло Апостолски, прв командант на македонската војска, странските разузнавачки служби се интересирале уште време на Народноослободителната борба. Во британските политички и воени врвови ова интерсирање се засилило по доаѓањето на британските воени мисии во Главниот штаб на НОВ и ПО за Македонија.

Во извештаите на Фицрој Маклејн, на пример, во неколку наврати се спомнуваат зголемените, односно поголемите ингеренции на македонскиот генерал Апостолски во споредба со другите Титови команданти на главни штабови, и дека тоа го зголемило интересирањето за личноста на Апостолски. Во тој контекст е и писмото на претседателот на југословенската влада во Лондон, д-р Иван Шубашиќ, до Јосип Броз -Тито во кое констатира дека британските дипломати и државници „особено се распрашуваат за Апостолски“.

Сепак, во ова насока, највпечатливо е искажувањето на мајорот Дагмор, кој во извештајот од јуни 1944 година, по контактот со македонските партизани, го пишува следното:

„Македонците сакаат самостојно владеење и навестувањата се дека тие тоа го сакаат во рамките на сегашна федерална Југославија. Тие не им веруваат на Србите и соработката помеѓу нив не е лесна. Тие, исто така, многу тешко го чувствуваат присуството на бугарскиот окупатор, а се сомневаат во руската поддршка по војната за бугарските аспирации во источна Македонија. Накратко – пишува во извештајот на мајор Дагмор, – Македонците се борат за слобода, но се претпазливи. Тие се пријателски расположени кон нас“ , го завршува својот извештајот еден од припадниците на Бритската воена мисија во Македонија.

Прочитај го целиот текст на МИА 

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран