УТРО.мк

Алијансата за Албанците на Села излегува од коалицијата со ДУИ и формира независна пратеничка група

Алијансата за Албанците на Села излегува од коалицијата со ДУИ и формира независна пратеничка група
Vero

Алијансата за Албанците, крилото предводено од Зијадин Села, соопшти дека ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција и дека во иднина ќе делува самостојно. Пратениците на партијата во Собранието ќе се организираат како независна пратеничка група.

Од партијата информираат дека вечерва Претседателството одржало состанок на кој се разгледувале актуелните политички случувања, резултатите од локалните избори и новите насоки во политичкото дејствување.

„На последните локални избори, коалицијата со која учествувавме излезе како победник на национално ниво, но сме незадоволни од епилогот во градоначалничката трка, каде што се соочивме со моќен државен инженеринг и координирани интеракции на албанските субјекти на власт со македонските партии од сите табори, со единствена цел да се реализира платформата на ВМРО-ДПМНЕ за дефакторизација на Албанците во земјата“, се наведува во соопштението потпишано од Зијадин Села.

Од партијата додаваат дека, и покрај политичките притисоци, остануваат целосно посветени на одбраната на националната кауза на Албанците и на унапредувањето на нивната рамноправност.

„По суштински и важни дискусии, членовите на Претседателството едногласно донесоа одлука за автономно дејствување. Во наредните денови, нашите пратеници ќе ја формализираат одлуката за делување како независна група“, соопштија од Алијансата за Албанците.

Партијата нагласува дека ќе продолжи да биде силен опозициски глас и дека веќе ги известила досегашните партнери за новите политички чекори. Како приоритети ги наведуваат заштитата на Уставот, рамноправноста на Албанците и исправувањето на, како што велат, штетите нанесени од актуелната влада.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран