УТРО.мк

Активни пет пожари низ Македонија, надлежните апелираат за внимателност

Активни пет пожари низ Македонија, надлежните апелираат за внимателност
Vero

Центарот за управување со кризи информира дека до 14:00 часот на 2 јули 2025 година се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор на територијата на државата. Четири од пожарите се сè уште активни, додека два се веќе изгаснати.

Активни се пожарите во Прилеп (село Бешиште), Валандово (села Грчиште, Марвинци и Богданци), Скопје (Визбегово) и село Црешнево (локација Церо Поле). Во Прилеп пожарот кој се проширил кон село Градешница е ставен под контрола, додека во Скопје огнот се проширил кон социјалните бараки во близина на хотел „Њу Стар“. Во Црешнево пожарот е реактивиран и на терен се интервенира со шумари и моторно возило.

Пожарите што се изгаснати се во Дебар (село Баниште) и во Кичево (населба Бачинци), каде што гореше депонија.

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат и да не палат оган на отворено, особено во близина на шуми и суви површини, поради високите температури и ризикот од нови пожари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран