УТРО.мк

После 1.000 земјотреси во последните две недели, еруптираше вулкан во Јапонија

После 1.000 земјотреси во последните две недели, еруптираше вулкан во Јапонија
Vero

Јапонија се соочува со нова природна катастрофа откако активниот вулкан Шинмое на југозападниот дел од земјата еруптираше, исфрлајќи облак од вулканска пепел на височина од 5.000 метри, соопшти денеска Јапонската метеоролошка агенција.

Вулканската пепел се прошири над регионите Кагошима и Мијазаки на островот Кјушу, а последен пат ваква висина на облакот е регистрирана во април 2018 година, јавува новинската агенција Kyodo News.

Ерупцијата се случила на 22 јуни и е прва од 2017 година. Голема количина пепел паднала врз градот Такахару во префектурата Мијазаки, поради што властите веднаш го подигнаа степенот на тревога на ниво 3 (од вкупно 5), повикувајќи ги граѓаните да се држат подалеку од вулканот. Од тогаш, нивото на опасност не е променето.

Покрај вулканската активност, Јапонија е погодена и од серија земјотреси – повеќе од 1.000 потреси се регистрирани во последните две недели, при што најсилниот, со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, се случил на 10 километри длабочина во префектурата Кагошима.

Иако не е издадено предупредување за цунами и засега нема извештаи за материјални штети или повредени лица, јапонските власти со внимание ја следат состојбата поради зголемената сеизмичка и вулканска активност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран