УТРО.мк

Ова е страшно: 102 лица го загубија животот поради високите температури во Шпанија

Ова е страшно: 102 лица го загубија животот поради високите температури во Шпанија
Vero

Од саботата, кога започна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, се регистрирани 102 смртни случаи поврзани со високите температури, соопшти Системот за дневно следење на морталитетот (MoMo).

Според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet), јуни годинава бил најтопол месец досега, а вкупниот број на смртни случаи во тој период достигна 380, јави шпанскиот весник „Елмундо“.

MoMo исто така укажува дека во првата половина од годината се забележани 2.168 смртни случаи предизвикани од екстремни температури, што претставува 68% од вкупниот број смртни случаи поврзани со температурни екстреми пријавени во целата 2024 година, која досега брои 3.521 жртва.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран