Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, учествува на состанокот со претставници од земјите членки на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, што се одржува во Луксембург.

На средбите се разговара за клучните предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот, вклучително и геополитичката неизвесност, климатските промени, дигиталната трансформација, како и растечките потреби за инвестиции во одбраната и безбедноста.

Министерката потенцираше дека особено значајна тема е и продлабочувањето на регионалната соработка и унапредувањето на политиките кои водат кон одржлив и инклузивен економски раст.
„Овие средби се силна платформа за размена на искуства и идеи кои ни помагаат да креираме поотпорни економии и подобра иднина за сите наши граѓани“, истакна Димитриеска – Кочоска.