УТРО.мк

Семеен одмор се претвори во хорор

Семеен одмор се претвори во хорор
Vero

Она што требало да биде семеен одмор на сончевиот остров Тенерифе се претворило во вистинска драма за 42-годишната Ема Хики од Ирска, откако се струполила на хотелски скали и се здобила со сериозни повреди на главата и вратот, пренесува Daily Mail.

Инцидентот се случил во одморалиштето Коста Адехе, каде што Ема престојувала со нејзиниот партнер Стивен Брухам (44) и нивните две деца. Според Стивен, трагедијата почнала со сериозна алергиска реакција на каснувања од комарци, кои, како што се сомневаат лекарите, довеле до инфекција и на крај – до губење на свеста.

Семејството пристигнало од Даблин на 13 јуни на 12-дневен одмор. Иако Ема десет дена подоцна побарала медицинска помош поради силна реакција на кожата и примила инјекции, таа инсистирала да продолжи со одморските активности, сакајќи да не им го расипе искуството на децата.

На 23 јуни, додека заедно со семејството се спуштала кон локалната аптека, Ема изјавила дека не се чувствува добро и веднаш потоа се онесвестила. Паднала по скалите и ја удрила главата од бетонот. По несреќата веднаш била префрлена во болница во Тенерифе, каде што лекарите ја стабилизирале, но не се објавени дополнителни информации за нејзината здравствена состојба.

Инцидентот предизвика голема загриженост на социјалните мрежи во Ирска, каде пријатели и роднини собираат средства за нејзино лекување и враќање дома.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран