УТРО.мк

Мечка уби мотоциклист во Романија – трагедија поради обид за хранење див ѕвер

Мечка уби мотоциклист во Романија – трагедија поради обид за хранење див ѕвер
Vero

Семејна мотоекскурзија во Романија заврши со трагедија кога мечка нападна и уби 39-годишен мотоциклист од Италија во близина на езерото Балеа, во ловиштето „Арефу 5“. Несреќниот маж бил дел од група што патувала низ живописниот пат Трансфагарашан, кога привремено застанале покрај патот.

Според румунските медиуми, мечката се појавила ненадејно и го нападнала Италијанецот, влечејќи го во длабока јама од 40 метри во шумата. Телото на жртвата било подоцна извлечено од пожарникари и спасувачи, а на местото присуствувале и вооружени жандарми, поради опасноста мечката сè уште да е во близина.

Италијанскиот мотоцикл бил пронајден покрај патот, со ракавици на него, а мобилниот телефон на жртвата бил лоциран во јамата. Според наодите на полицијата, на телефонот биле најдени фотографии и видеа направени непосредно пред нападот, на кои се гледа како жртвата се обидува да ја нахрани мечката од рака.

Мечката подоцна била лоцирана и убиена од страна на жандармеријата.

Инцидентот се случил во подрачје богато со кафеави мечки – според Министерството за животна средина, во Романија живеат над 10.000 единки, а трасата Трансфагарашан е позната по честите средби со диви животни. Властите редовно апелираат до туристите да не се приближуваат до мечки, да не ги хранат и да одржуваат безбедно растојание.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран