Политичката партија Македонски Концепт останува цврсто на својот став дека Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е еднострано раскинат од страна на Република Бугарија.
„Согласно Став 13, Член 3 од Договорот, со донесувањето на Рамковната позиција во бугарското Собрание и нејзиното доставување преку официјален Меморандум до Република Македонија и сите земји членки на Европската Унија на 17.09.2020 година, Република Бугарија формално-правно го раскина Договорот.
Овој чин е спротивен на духот и содржината на Договорот и резултираше со уназадување на македонско-бугарските односи, создавање на непријателство наместо пријателство и блокирање на европската интеграција на Република Македонија.
Во тој правец, Македонски Концепт бара итно:
• Констатирање на престанокот на важноста на Договорот од страна на македонските институции;
• Прекин на работата на т.н. историска комисија;
• Прекин на важноста на Протоколите потпишани од Никола Димитров и Бујар Османи;
• Изготвување нова Преговарачка рамка со ЕУ.
Македонски Концепт останува посветен на отворање ново историско поглавје на вистинско пријателство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и на реална интеграција во Европската Унија, цврсто следејќи ги 6-те фундаментални вредности врз кои е формирана Европската Унија“, велат од Македонски Концепт.