УТРО.мк

Пекол во Грција: Пожарот ги евакуира туристите – 1.500 лица спасени, огнот се шири неконтролирано

Пекол во Грција: Пожарот ги евакуира туристите – 1.500 лица спасени, огнот се шири неконтролирано
Vero

Интензивен шумски пожар, засилен од силни ветрови, избувна на јужниот дел од грчкиот остров Крит, предизвикувајќи евакуација на над 1.500 лица од туристички комплекси и приватни домови. Огнената стихија зафати шуми и обработливо земјиште, а во акцијата за гаснење се вклучени 230 пожарникари и десет противпожарни авиони.

Двајца граѓани беа евакуирани по морски пат во текот на ноќта, додека уште шест приватни пловила се подготвени за интервенција доколку се влоши состојбата. Крајбрежната стража соопшти дека е во постојана готовност.

Иако досега нема информации за повредени лица, надлежните истакнуваат дека пожарот е сериозен и отежнат за локализација. Граѓаните добија предупредувања преку мобилните телефони со апел да не се враќаат во своите домови поради висок ризик.

Летото во Грција редовно носи сериозни предизвици со шумски пожари, а оваа сезона веќе се регистрирани десетици интервенции на пожарникарските екипи низ целата земја.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран