УТРО.мк

Костадинов не ја исклучува можноста за независна кандидатура: „Ќе одлучам наскоро, со народот и за народот“

Костадинов не ја исклучува можноста за независна кандидатура: „Ќе одлучам наскоро, со народот и за народот“
Vero

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на социјалните мрежи одговори на, како што вели, стотици пораки и повици со прашањето дали ќе се кандидира како независен кандидат на претстојните локални избори.

„Да, можно е, но оваа одлука не е конечна – ова е мисла во зачеток“, истакна Костадинов, потенцирајќи дека евентуалната кандидатура не би била одлука за слава, туку за одговорност пред граѓаните.

Тој вели дека моментално разговара со граѓани, здруженија, политички партии и „чесни социјалдемократи“ кои, според него, тешко би се нашле на новите советнички листи.

Костадинов најави дека конечната одлука ќе ја соопшти за неколку недели, нагласувајќи дека „таа ќе биде остра, конечна и целисходна“.

Овој негов став доаѓа само еден ден по најавата од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека партијата ќе го кандидира Марјан Даскаловски за нов градоначалник. Даскаловски е долгогодишен член на Советот на Општина Струмица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран