На 2 јули 2025 година, околу 21:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 56-годишниот Ш.А. од Куманово, кој бил затекнат на улицата „Доне Божинов“ при палење сува трева.
Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот бил навремено изгаснат, со што е спречено негово проширување и предизвикување поголема материјална штета.
Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Надлежните институции повторно апелираат до граѓаните да се воздржат од палење на сува трева и отпад, особено во летниот период кога постои зголемен ризик од пожари.