УТРО.мк

Кривична за сопственичка на компанија од Кавадарци: Го оштетила буџетот за повеќе од 50 милиони денари

Кривична за сопственичка на компанија од Кавадарци: Го оштетила буџетот за повеќе од 50 милиони денари
Vero

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кавадарци против С.Т., сопственичка и управителка на фирмата „Руж Експорт“, под сомнение за сериозно даночно затајување.

Според официјалните наоди, во периодот од 2013 до 2018 година, С.Т. набавувала стока во готово од физички лица, без да ја евидентира во деловната документација на компанијата. Подоцна, преку 2.785 фактури и изјави за потекло, стоката била извезувана во Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Русија во вкупна вредност од над 514 милиони денари, без пресметан и уплатен данок на добивка.

Истрагата покажала и дека за дел од годините биле доставувани невистинити завршни сметки до Централниот регистар и Управата за јавни приходи, а книговодствената документација била уништена. За 2017, 2018 и 2019 година, не биле поднесени никакви завршни сметки, по што фирмата била избришана од регистарот во 2020 година.

Со овие постапки, С.Т. се стекнала со противправна имотна корист и го оштетила државниот буџет за над 50,8 милиони денари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран