УТРО.мк

Важни информации за возачите: Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија

Важни информации за возачите: Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија
Vero

АМСМ: Зголемен сообраќај, суви коловози и летни ограничувања за тешки товарни возила

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Се бележи зголемен интензитет на сообраќај на патните правци надвор од урбаните средини, особено во туристичките правци. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите на приспособена брзина, строго почитување на сообраќајната сигнализација и зголемено внимание, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои ризик од одрони. Како ризични делници се издвојуваат:

Катланово – Велес,

Маврово – Дебар – Струга,

Виница – Берово и

Кочани – Делчево.

Летен режим за тешки товарни возила – забрани за движење

Од 1 јули до 31 август, на сила е летен режим на сообраќај што предвидува забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендите и во денови со екстремно високи температури. Ограничувањето важи во следните термини:

Петок: од 17:00 до 22:00 часот

Сабота: од 09:00 до 18:00 часот

Недела: од 09:00 до 22:00 часот

Во денови со екстремна горештина, определени од Министерството за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток, од 11:00 до 17:00 часот.

Забраната не важи за возила што превезуваат:
живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материи, како и за компании кои имаат договори со ЈП за Државни патишта.

Дополнителни ограничувања на патот Скопје – Охрид

На магистралниот пат А2, делница Скопје – Охрид – Скопје, до 1 септември, важи посебен режим за тешки товарни возила со маса над 7,5 тони, со забрана за движење во следните периоди:

Петок: од 15:00 до 22:00 часот

Сабота: од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот

Недела: од 07:00 до 22:00 часот

Ова ограничување е воведено со цел да се избегнат сообраќајни гужви на патот кон најпосетуваното туристичко подрачје во земјава, да се намалат застојот кај патарините и да се обезбеди побрз и побезбеден проток на возила.

И за оваа делница, ограничувањето не се однесува на возила со хуманитарна, прехранбена или техничка намена, како што се наведува во генералната одлука.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран