УТРО.мк

Во период од шест часа 429 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на цела држава

Во период од шест часа 429 санкционирани возачи на мотоцикли на територија на цела држава
Vero

Во текот на вчерашниот ден (02.07.2025) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи. Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран