
Со многубројна публика, музика, танц и содржини за сите генерации заврши фестивалот „Звуците на културата во Ѓорче 2026“. Во текот на петокот и саботата, паркот беше исполнет со посетители кои дојдоа да уживаат во богатата програма и заедничкото дружење.

Фестивалот започна со уличните изведби на „Баскерфест“, а потоа следуваа настапите на Балетското студио „Ребис“ и хорот „Фрида“. Во рамките на „На Базар“ беа поставени штандови со ракотворби и различни производи, додека за најмладите беа организирани детски работилници.

Вечерната атмосфера продолжи со настапите на „Суперхикс“, „Пауза за ракија“ и DJ Галовски. Публиката пееше и танцуваше, а паркот остана исполнет до крајот на програмата.
Завршната вечер донесе настапи на The Crew, „Ареа“, „Куку Леле“ и трубачите „Левис“. Секој од изведувачите внесе различна енергија, а многубројната публика уште еднаш покажа дека Ѓорче сака и поддржува квалитетни културни и забавни настани.
„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ беа дел од „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, во чии рамки во текот на септември се одржаа мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции, „Музичко талент шоу“ и други содржини за посетители од различни генерации.
Со разновидната програма и големата посетеност, годинешното издание создаде вистинска фестивалска атмосфера и го претвори паркот во место каде што граѓаните се собраа, се дружеа и уживаа во културата и музиката.
Општина Ѓорче Петров упатува благодарност до сите посетители, изведувачи, учесници и соработници кои придонесоа фестивалот да заврши успешно и во одлична атмосфера.

















