УТРО.мк

Над 10 куќи биле мета на крадците во Тетовско: Од една куќа исчезнал и сеф тежок 400 килограми

Над 10 куќи биле мета на крадците во Тетовско: Од една куќа исчезнал и сеф тежок 400 килограми
Vero

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени за продолжено кривично дело – тешка кражба, откако во периодот од април до септември годинава, според досегашните сознанија, извршиле серија кражби во повеќе села на подрачјето на Општина Боговиње.

Осомничените, според обвинителството, провалиле во повеќе од 10 куќи, од каде што украле пари, златен накит и различно огнено оружје што сопствениците легално го поседувале.

Еден од случаите се издвојува поради необичниот плен. При кражба во селото Палчиште, сторителите успеале да го изнесат и сефот од домот на оштетениот, кој тежел околу 400 килограми.

Вкупната вредност на досега украдените предмети се проценува на околу 15 милиони денари.

Од Основното јавно обвинителство Тетово информираат дека јавниот обвинител продолжува со интензивно обезбедување докази за сите пријавени случаи.

По предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор во траење од 48 часа. По другите двајца се трага, а за нив притворот ќе започне да се смета од моментот кога ќе бидат пронајдени и лишени од слобода.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin