УТРО.мк

Голема полициска акција во Чаир, Тетово и Гевгелија: Уапсени шест лица

Голема полициска акција во Чаир, Тетово и Гевгелија: Уапсени шест лица
Vero

Во тек е голема полициска акција на подрачјето на Скопје – Чаир, Тетово и Гевгелија, насочена кон разбивање на криминална група.

Неофицијално, акцијата е насочена кон криминална група која е осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и коруптивни кривични дела.

Според првичните информации, полицијата врши претреси на повеќе од десетина локации низ овие три града. 

Исто така, неофицијално, шест лица се уапсени, а се трага по уште неколкумина. Порталот „Курир“ објави дека помеѓу лицата опфатени во акцијата имало и вработени во Царинската управа.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin