УТРО.мк

Скандал во популарен синџир за кебаб: Наместо месо набавувале маснотии и кожа

Скандал во популарен синџир за кебаб: Наместо месо набавувале маснотии и кожа
Vero

Голем скандал ја потресе индустријата за брза храна во Велика Британија, откако ДНК-анализи покажале дека кебапите кои биле декларирани како производи со висок удел на јагнешко месо, всушност содржеле многу помалку овчо месо, а наместо тоа биле направени од козјо месо, маснотии, кожа и други животински остатоци.

Истрагата се однесува на компанијата „Kismet Kebabs“, еден од најголемите производители на донер-кебаб во Обединетото Кралство, која неделно произведува повеќе од 100 тони кебаб.

Според резултатите од анализите, производите што требало да содржат околу 70 проценти јагнешко месо, всушност имале помалку од 10 проценти овчо месо.

Компанијата призна измама што, според судските документи, траела од 2021 година, по што беше казнета со 500.000 британски фунти. Покрај тоа, ѝ беше наложено да плати и дополнителни 259.298 фунти за судски трошоци. Надлежните проценуваат дека преку ваквата практика компанијата можела да оствари приходи од околу шест милиони фунти.

За време на инспекциската контрола во фабриката во Есекс, службениците откриле дека речиси и немало јагнешко месо, освен јагнешка маст. Наместо тоа, во производството биле користени големи количества козјо месо, животински маснотии, кожа и други остатоци, кои биле преработувани во смеса од која се изработувале кебабите.

Инспекторите наведуваат дека користените декларации не одговарале на вистинската содржина на производите, поради што случајот беше спореден со познатиот европски скандал со коњско месо од 2013 година.

Судијата оцени дека станува збор за сериозна и долготрајна измама кон потрошувачите.

Од „Kismet Kebabs“ соопштија дека случајот се однесува на период од пред повеќе од пет години, кога компанијата имала поинаква управувачка структура. Велат дека во меѓувреме вовеле построги контроли на квалитетот, редовни ревизии, подобар надзор врз добавувачите и дополнителни обуки за вработените.

И покрај овие тврдења, случајот повторно ја отвори дебатата за довербата во декларациите на храната и контролата на производите што секојдневно ги консумираат илјадници граѓани.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin