УТРО.мк

Милијардерот Павел Дуров има над 100 деца во 12 земји – ќе наследат дел од неговото богатство, но не веднаш

Милијардерот Павел Дуров има над 100 деца во 12 земји – ќе наследат дел од неговото богатство, но не веднаш
Vero

Основачот и извршен директор на „Телеграм“, Павел Дуров, откри дека има над 100 деца во 12 земји и дека сите ќе добијат дел од неговото милијардерско наследство – но дури по 30 години.

Во интервју за францускиот весник Le Point, Дуров изјави дека е биолошки татко на шест деца од три различни врски, но дека преку донации на сперма станал татко на уште многу деца ширум светот.

„Не правам разлика меѓу нив. Без разлика дали се зачнати природно или преку донација – сите се мои деца и ќе имаат исти права“, изјави тој за Business Insider, додавајќи дека не сака по неговата смрт да се водат борби околу наследството.

Рускиот претприемач, чие богатство Bloomberg го проценува на речиси 14 милијарди долари, откри дека неодамна напишал тестамент во кој е наведено дека неговите деца нема да добијат пристап до имотот сѐ додека не поминат 30 години. „Сакам сами да го изградат својот пат, без да зависат од банкарска сметка“, рече тој.

Дуров, кој го основа Телеграм во 2013 година, откако претходно стоеше зад руската мрежа VK, денес раководи со платформа која има околу една милијарда активни корисници. Тој беше уапсен во Франција минатата година, обвинет за наводно олеснување криминални активности преку апликацијата, но ги негира сите обвиненија.

Во интервју за Такер Карлсон, тој рече дека сѐ уште не може слободно да патува поради правните компликации. Запрашан за споредбите со Илон Маск, Дуров одговори: „Ние сме многу различни – тој води неколку компании, јас само една. Тој е емотивен, јас внимателен. Но, можеби токму емоциите се неговата сила“.

Како и Дуров, и Маск има повеќе деца – извршната директорка на „Неуралинк“, Сивон Зилис, во март објави дека има четврто дете со него.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран