Песната „Параходот“ е втората која го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“ и истовремено претставува најава за новиот албум „More“ („Повеќе“). За изведбата на песната, како и на претходниот хит „40 години девојка од бронза“, ќе настапи истата музичка екипа: Александар Таушанов – гитара („Троја“), Тодор Стефанов – бас („Троја“), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како специјални гости на концертот ќе се појават Перо Стефановски („Санаториум“), Александар Стефановски („Конспираси“) и Гордана Котевска.
Јубилејниот настап ќе се одржи на 20 декември 2025 година во МКЦ, со почеток од 20:30 часот. Влезниците се достапни преку „МК-тикетс“ и нивните продажни пунктови.


























