УТРО.мк

Андоновски: ИКТ секторот со голем потенцијал може да го води дигиталниот напредок на земјата

Андоновски: ИКТ секторот со голем потенцијал може да го води дигиталниот напредок на земјата
Vero

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, порача дека Македонија располага со голем ИКТ потенцијал и високо квалификувани кадри кои излегуваат од универзитетите, кои сега треба да се искористат во приватниот сектор за подоцна да помогнат во дигиталната трансформација на државата. По повод отворањето на конференцијата MASIT 2.0 – „Recode Reality“, Андоновски истакна дека владата се потпира на приватниот сектор за развојот на дигитализацијата, со цел заеднички да се креираат проекти со домашна реализација и потенцијал за извоз.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека ИКТ индустријата учествува со 4,5% во БДП, односно околу 1,65 милијарди евра годишен приход, и брои над 3.000 компании со повеќе од 25.000 вработени, чија просечна бруто-плата надминува 2.500 евра.

Андоновски додаде дека државата и приватниот сектор се надополнуваат: приватниот сектор обезбедува плати и мотивираност, додека државата нуди стабилност и можност за професионален развој преку обуки, конференции и учество во европски проекти. „Тајната е во симбиозата помеѓу стабилноста на државата и динамиката на приватниот сектор, која може да донесе резултати“, рече министерот.

Димитровски нагласи дека македонскиот ИТ сектор бележи континуиран раст, над 10% годишно, и ги следи европските стандарди и трендови. Многу компании веќе работат за странски пазари, особено за Европа, што ја потврдува кондицијата на секторот.

Конференцијата „Recode Reality“, организирана од МАСИТ, собра над 300 учесници од земјата и регионот, вклучувајќи говорници од врвот на европската ИКТ индустрија. На настанот се дискутираше за модернизација на дигиталната инфраструктура, телекомуникациите и можностите кои ги нуди вештачката интелигенција.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран