Во Преспа продолжува санацијата по обилните поплави. Жителите пријавуваат уништена покуќнина, оштетена механизација и пропаднати залихи јаболка во поплавените магацини. Општинската комисија е на терен и ги врши проценките, по што извештаите за обештетување ќе бидат проследени до надлежните државни институции.
Градоначалникот Јован Тозиевски уверува дека состојбата е стабилизирана и под целосна контрола.
Како една од клучните причини за надојдените води се посочуваат неисчистените канали, но и дел од каналите што биле затворени за проширување на земјоделските површини.
Најзначителни штети се евидентирани во селата Царев Двор и Дрмени, каде под вода завршија куќи, дворови, магацини за јаболка и земјоделски насади.

























