УТРО.мк

Мицкоски поради здравствени причини го откажа присуството на планираниот настан

Мицкоски поради здравствени причини го откажа присуството на планираниот настан
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски го откажа присуството и обраќањето на македонско-српскиот економски форум што денеска се одржува во Скопје. Од Владата утрово соопштија дека неговото учество било планирано, но е откажано поради здравствени причини.

На настанот што се одвива денес во хотелот „Александар Палас“, ќе присуствуваат  над 200 компании и најмалку 300 учесници. Целта на форумот е да се поттикне поинтензивна економска соработка меѓу Македонија и Србија, особено во клучните производни гранки.

Во пресрет на форумот, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Србија и министерка за економија Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање. Документот треба да постави основи за понатамошно усогласување и олеснување на деловните процеси меѓу двете земји.

Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија „Пекабеско“ и винаријата „Камник“, каде што разговараа со менаџментите за тековните капацитети и можностите за зголемување на извозот. Во изјавите за медиумите истакнаа дека потенцијалот за соработка е значителен, особено во прехранбената индустрија, а генералната цел останува зголемување на меѓусебната трговска размена.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран