Раководството на СДСМ денеска поднесе колективни оставки на седница на Извршниот одбор, по предлог на претседателот д-р Венко Филипче. Оставки поднесоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари и сите членови на Извршниот одбор.
Како што информираат од партијата, оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот Филипче, кој го предводи процесот на внатрешни реформи во СДСМ.
Со овој чекор, кој од партијата го оценуваат како одговорен и морален, се отвора простор за ново поглавје и целосно освежување на раководните структури. Во претстојниот период се најавуваат кадровско обновување, вклучување нови лица, зајакнување на организациската структура и внатрешна мобилизација со цел СДСМ да добие „нова сила и нова енергија“.
На една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нови членови за органите на партијата, при што, како што најавуваат од СДСМ, за клучните позиции ќе бидат избрани најкомпетентни кадри.
Од партијата порачуваат: СДСМ – нова сила, нова енергија.



























