УТРО.мк

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани

Заедништвото и одговорноста се клучни за иднината, порача Мицкоски во Кочани
Vero

Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Како што објави на социјалните мрежи, Мицкоски на вчерашната прослава истакнал дека со вера, работа и љубов кон Македонија продолжува градењето на подоброто утре.

– Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да го градиме подоброто утре што го заслужуваат нашите деца и сите граѓани, стои во објавата.

Тој изрази благодарност до членовите, симпатизерите и граѓаните на Кочани за, како што наведе, топлината и гостопримството.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin