
Зголемен број возила и подолго чекање се бележат денеска на граничниот премин Богородица, каде што за излез од Македонија кон Грција се чека околу еден час.
Според информациите од АМСМ, и на граничниот премин Табановце времето на чекање изнесува од 40 минути до еден час, и при влез и при излез од државата.
На останатите гранични премини нема поголеми задржувања, а сообраќајот надвор од градските средини се одвива со зголемен интензитет.

















