УТРО.мк

Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен

Македонија пред нов топлотен удар: Утре температурите ќе достигнат до 41 степен
Vero

Македонија во сабота повторно ќе се соочи со многу високи температури, а УХМР за целата територија на земјата издаде жолт метеоаларм поради топлотниот бран.

Според официјалната прогноза, утре времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 31 до 41 степен.

Највисоки температури се очекуваат во делови од источна и југоисточна Македонија, каде што живата во термометрите може да се искачи до 40, односно 41 степен.

Во Скопје исто така се очекува сончево и многу топло време, со температури значително над просекот за овој период од годината. УХМР предупредува на високите температури и ги повикува граѓаните да бидат внимателни во најтоплиот дел од денот.

Високите температури ќе се задржат и во следните денови. Според тридневната прогноза на УХМР, во недела максималните температури во земјата ќе се движат до 40 степени.

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат подолг престој и физички активности на отворено во периодот кога сонцето е најсилно, да внесуваат доволно течности и да користат соодветна заштита од сонцето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin