УТРО.мк

Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци

Автомобил се преврте кај Ботун, сообраќајот отежнат во двата правци
Vero

Сообраќајна несреќа попладнево се случила на патниот правец меѓу селата Ботун и Мешеишта, при што патничко возило се превртело на коловозот.

По несреќата, на оваа делница се создал застој, а сообраќајот во моментов се одвива отежнато во двата правци.

Засега нема официјални информации за тоа како дошло до несреќата, ниту е потврдено дали во инцидентот има повредени лица.

Возачите кои се движат по овој патен правец се советуваат да возат внимателно и да ја приспособат брзината поради отежнатото одвивање на сообраќајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin