УТРО.мк

Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс

Историски трансфер за македонскиот фудбал: Дитмир Хоџа потпиша за Лидс
Vero

Македонскиот фудбал доби уште еден голем повод за гордост. Младиот напаѓач Дитмир Хоџа официјално е нов член на англискиот Лидс, во трансфер кој претставува историски чекор за македонскиот фудбал.

18-годишниот фудбалер од Струга потпиша четиригодишен договор со клубот кој настапува во Премиер-лигата. Хоџа во Лидс пристигнува по настапите во македонскиот фудбал, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички.

Иако сè уште е млад, Хоџа веќе има искуство во сениорскиот фудбал. За Работнички минатата сезона одигра 19 натпревари, со околу 550 минути на теренот, а постигна четири гола и забележа две асистенции во првенството и Купот.

Пред Работнички, тој настапуваше и за Воска, каде исто така го привлече вниманието со своите игри.

Во Лидс, Хоџа засега ќе работи со младинската екипа. Сениорскиот тим веќе ја започна сезоната, а од клубот очекуваат младиот македонски напаѓач постепено да се адаптира на новата средина и тренажниот процес.

Неговиот менаџер Албан Сулејмани изјави дека постои верба оти Хоџа во иднина може да се приклучи на првиот тим.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin