УТРО.мк

Мицкоски: Верувам дека добрите односи со Србија ќе продолжат да се развиваат

Мицкоски: Верувам дека добрите односи со Србија ќе продолжат да се развиваат
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, и му честитал за постигнатиот изборен резултат и победата, пренесува „Скопје1“.

„Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија. Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победата, му посакав успех во периодот што следува“, објавил Мицкоски.

Во пораката премиерот изразил уверување дека односите меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат врз основа на меѓусебно почитување и соработка.

„Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете држави“, порачал Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран