
По периодот на екстремно високи температури, од утре следува постепено заладување, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со максимални температури од 35 до 41 степен. Во попладневните часови, особено во планинските региони, ќе има зголемена облачност и услови за појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 40 степени.
Од утре и во текот на новата седмица дневните температури ќе опаднат за неколку степени. Сепак, временските услови ќе останат променливи, особено во попладневните часови, кога локално се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места постои можност за појава на невреме, проследено со силен ветер и град. Поради тоа, се препорачува внимателност во периодите на нестабилно време, особено во попладневните часови.

















