ОВЕН
Иако денес ќе наидете на согласица со луѓето околу вас, подеднакво можно е да се појават и критики, спротивставувања и незадоволство од вашите идеи. Не дозволувајте ситници да ве извадат од рамнотежа – секогаш ќе има некој кој нема да биде задоволен, а вие не можете да ги направите сите среќни. Останете верни на сопствените уверувања.
БИК
Прифатете покана за патување само ако можете да завршите нешто важно и поврзано со работата. Во спротивно, решете ги обврските преку телефон или одложете ги. Денес вашиот пристап ќе биде посебно интригантен за луѓето што ќе ги сретнете. Не двоумете се да користите малку блеф или тактичка манипулација во ваша корист.
БЛИЗНАЦИ
Не ги одложувајте деловните задачи и заостанатите обврски – решете ги до понеделник, за потоа да можете мирно да се опуштите и да им се посветите на блиските. Денот е погоден за романтика и интимни разговори за идни планови. Идеално време за шопинг или вечерно излегување.
РАК
Избегнувајте непотребни ризици и не се потпирајте премногу на среќата. Останете цврсто на земја, за да не му поверувате на некој со нечесни намери и да не изгубите пари. Иако имате силна самодоверба, приватен настан може да го промени она што досега сте го сметале за сигурно.
ЛАВ
Не ги решавајте проблемите што денес ќе излезат на површина – прво добро промислете. Ќе бидете склони кон преиспитување на ситуациите и полесно ќе ги дефинирате работите што не ви одговараат. Но, воздржете се од брзи реакции и не се потпирајте само на интуицијата.
ДЕВИЦА
Денес сè ви оди од рака – немојте тоа да го расипете со непромислено трошење, претеран флерт или посветување премногу време на луѓе кои не го заслужуваат тоа. Забавата не мора да чини пари. Избегнувајте тајни активности – вистината брзо ќе излезе на виделина.
ВАГА
Имате многу да понудите – немојте да се ограничувате ниту да мислите дека некој е подобар од вас. Денот е поволен за патувања поврзани со нови деловни можности и дополнителни приходи. Посетете настани каде што можете да сретнете стари соработници, но оставете време и за љубов.
ШКОРПИЈА
Посветете го утрото на семејните и домашните обврски, а потоа излезете – можеби на кафе со некој што одамна не сте го виделе. Опкружете се со луѓе со слични интереси. Откако некој ќе ви довери тајна, меѓусебното разбирање ќе стане подлабоко.
СТРЕЛЕЦ
Одличен ден за промени поврзани со домот и секојдневието. Блиска личност ќе ви покаже дека е подготвена да ви даде ресурси и поддршка. На работа, отворено зборувајте за идни планови. Работете на својата самодоверба и не двоумете се да ги истакнете своите успеси.
ЈАРЕЦ
Денес тешко ќе се потпрете на интуицијата – пред големи одлуки за пари или љубов, побарајте совет од пријател. Емоциите може да ве понесат и да изговорите нешто за што ќе зажалите, затоа подобро држете се настрана од блиските ако сте вознемирени.
ВОДОЛИЈА
Забавувајте се, но држете се подалеку од сомнителни ситуации. Не прифаќајте деловни услови кои се на работ на законот. Во приватниот живот, бидете внимателни со чувствата на другите – сега не е време за конфликти или непријатни изненадувања.
РИБИ
Послушајте ја интуицијата – ако ве води кон нови обврски или заработка преку хоби, прифатете. Денот носи неочекувани, но пријатни настани. Можно е да дојде до промени во околината, кои иако на почеток ќе ве плашат, ќе ве одведат кон подобра иднина и личен напредок.