УТРО.мк

Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД
Vero

Премиерот истакна дека јакнењето на Армијата претставува вложување во траен мир и заштита на татковината. Тој нагласи дека безбедноста, стабилноста и мирот се предуслови за развој на општеството и за обезбедување иднина за сите граѓани, а Армијата е клучна алка во овој процес.

На настанот, кој претставува продолжение на минатогодишната иницијатива, премиерот изрази гордост за напредокот во доекипирањето и модернизацијата на македонските вооружени сили, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да инвестира во оваа насока.

Меѓу приоритетите ги посочи модернизацијата на Армијата, набавката на потребна опрема и развојот на стратешките инфраструктурни проекти – Коридор 8 и Коридор 10, кои се од значење и за Јужното крило на НАТО.

Премиерот се заблагодари на припадниците на Армијата, Министерството за одбрана и на амбасадорката на САД за континуираната поддршка и соработката, потенцирајќи дека партнерствата се градат и негуваат за заедничка безбедносна иднина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран