УТРО.мк

Над 800 домаќинства сами произведуваат струја

Над 800 домаќинства сами произведуваат струја
Vero

Со нова регулатива треба да се стимулира поголемо производство на струја од страна на домаќинствата

Домаќинство или заедница на домаќинства во зграда може да изградат постројка за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енeргија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената електрична енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа. Бројот на такви потрошувачи-производители на крајот од 2024 година бил 813, покажува Извештајот на регулаторната комисја за енергетика. Вкупната предадената електрична енергија од страна на потрошувачите – производители во дистрибутивниот систем изнесува 12,3 GWh, што претставува зголемување од 90 проценти во однос на 2023 година, пишува Слободен Печат.

Во моментов тече рокот за јавна расправа за Законот за обновливи извори на енергија, а според најавите на Министерството за енергетика ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 киловати од сегашните 6.

-Прв пат во законската регулатива се предлага воведување законски рок за административната постапка за издавање дозволи за поставување кровни фотоволтаици за потрошувач – производител – најавија од ресорното министерство.

„За енергетски објекти со инсталирана моќност еднаква или помала од 10,8 kW кои користат ОИЕ и/или се демонстрациони проекти, се применува поедноставена постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа“, пишува во предлогот на Законот за користење на енергија од обновливи извори.

Целиот текст на Слободен Печат 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран