УТРО.мк

Три хороскопски знаци ги очекува судбински пресврт до 19 септември

Три хороскопски знаци ги очекува судбински пресврт до 19 септември
Vero

Три хороскопски знаци ќе доживеат судбинска средба до 19 септември – Венера влегува во Лав

Венера – планетата на љубовта, парите и подароците – на 25 август го менува знакот и влегува во огнениот Лав, носејќи возбудливо лето за Лавовите, Стрелците и Овните.

Венера во Лав внесува силен, топол и драматичен пристап кон љубовта и односите. Луѓето со овој астролошки аспект зрачат со харизма, сакаат да бидат забележани и да им се восхитуваат. За нив, љубовта е голема сцена на која посакуваат да бидат главната ѕвезда – несебично даруваат внимание, но очекуваат и истото да го добијат за возврат.

Страст и самодоверба

Овие личности се страствени, дарежливи и романтични, подготвени да го вложат своето срце во врската и на партнерот да му го подарaт чувството дека е единствен. Понекогаш можат да бидат горди и барани, бидејќи за нив е од суштинско значење да се чувствуваат сакани и ценети. Најмногу ги привлекуваат луѓе со стил, самодоверба и силно присуство.

Во љубовните односи бараат искреност, лојалност и постојано одржување на пламенот на страста. Кога љубат – го даваат целиот свој емоционален свет, правејќи сè за таа љубов да биде посебна и незаборавна.

Венера ќе остане во знакот Лав до 19 септември, а токму во овој период Лавовите, Стрелците и Овните може да очекуваат емотивни изненадувања и судбински средби.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран