УТРО.мк

Дали некогаш сте нарачале храна во парк, со WOLT можете – Majestic и Steffonator направија слепа дегустација на храна

Дали некогаш сте нарачале храна во парк, со WOLT можете – Majestic и Steffonator направија слепа дегустација на храна
Vero

Инфлуенсерите Александра Трпеска ака majestic.at и Стефан Рашковиќ ака Steffonator уживаа во предизвикот „Погоди што јадеш без да гледаш“. Локацијата е Градскиот парк во Скопје, а појадокот го донесе курир-партнер на Wolt.

 

„Зошто да се мачиме дома да правиме појадок, кога можеме да седнеме во парк и да си нарачаме од Wolt. Мојата храна ја нарача Александра и немам претстава што нарачала. Ќе пробувам со превез на очи. И јас за неа исто – нарачав појадок што ќе го пробува со превез на очи“, објаснува на почетокот на видеото Стефан.

 

Александра, која е „секогаш екстра“, нарача и екстра кеса со храна и пијалаци за Стефан. Во играта „хартија-камен-ножици“ Александра победи, па Стефан прв „замижа“ и погодуваше што избрала за него.

Благо, солено или луто – храната им донесе многу забава и смеа. 

„Баш е јако да пробуваш вкусови со превез на очи. Благодарам, Wolt! Можеби ќе ве инспирираме и вие да излезете и да си нарачате храна за пикник“, вели Александра.

Погледнете на крајот од видеото кој збор таа го кажува како предизвик од Стефан следбениците да коментираат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран