Кумановската полиција синоќа приведе пет лица на возраст од 19 до 32 години поради учество во групна тепачка и оштетување на инвентар во угостителски објект во комплексот „Гарнизон“.
Од СВР Куманово информираа дека инцидентот се случил околу 00:10 часот во локал на улицата „Гоце Делчев“. Приведени се Р.А. (26), Х.Р. (21), З.Е. (22), А.Р. (32) и Ш.Ш. (19), сите од Куманово, кои физички нападнале неколку лица и направиле материјална штета во објектот.
Лицата се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.