УТРО.мк

МНОГУ ТОПЛО: Досега во Македонија се измерени 35 степени!

МНОГУ ТОПЛО: Досега во Македонија се измерени 35 степени!
Vero

Времето во нашата Македонија во овие моменти е многу топло и сончево со појава на умерена облачност. Повремено дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Најтопло во овие моменти е во Скопје Петровец со измерени 35 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури во овој момент во нашата Република Македонија.

Во следните часови, особено во западните и во југозападните планински предели ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

МетеоАларм

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран