УТРО.мк

Одбележани 111 години од раѓањето на писателот Стерјо Спасе во Глобочени

Одбележани 111 години од раѓањето на писателот Стерјо Спасе во Глобочени
Vero

Во родното село Глобочени денес беше одбележана 111-годишнината од раѓањето на големиот писател со македонско потекло – Стерјо Спасе. Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), заедно со Ристо Дурловски, претседател на „Обединети Македонци“ од Канада, положи цвеќе на неговата биста, оддавајќи почит на животот и делото што оставија траен белег во културната историја.

Стерјо Спасе (1914–1989), роден во Глобочени и починат во Тирана, е еден од најзначајните основоположници на современата албанска литература, со длабоки корени во македонската традиција. Писател, антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби, тој ги спои културите и ја пренесе приказната на Преспа надвор од нејзините граници.

„Глобочени и Преспа со право се горди што на Албанија ѝ дадоа еден бесмртен писател, чијшто дела се вградени во темелите на албанската книжевност и го осветлуваат придонесот на Македонците во албанското општество,“ беше истакнато на настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран