УТРО.мк

Ескалираше ситуацијата во Србија: Крвава ноќ низ Србија, студентите обвинуваат дека власта сакала граѓанска војна

Ескалираше ситуацијата во Србија: Крвава ноќ низ Србија, студентите обвинуваат дека власта сакала граѓанска војна
Vero

По синоќешните протести низ Србија, студентското движење „Студенти во блокада“ на социјалните мрежи ја обвини власта за намерна ескалација на конфликтот и обид за предизвикување граѓанска војна. Според нив, полицијата не ги заштитила демонстрантите, туку застанала на страната на власта и провладините групи кои фрлале камења и пиротехника. Во повеќе градови, поддржувачи на СНС се собраа пред партиските простории, што доведе до судири. Во Нови Сад имало напад со пиротехника, а непознат маж извадил пиштол.

Во Белград, полицијата спречила граѓани да стигнат до „Џациленд“, по што биле блокирани Славија и околните улици. Следеле апсења и сцени на полициска бруталност, а слични судири имало и во Ниш. Протестите, кои почнаа по колапсот на железничката станица во Нови Сад, прераснаа во движење за отчетност, правда и инвестиции во образованието.

Меѓународни организации известуваат за репресија – произволни апсења, физички напади, надзор и закани кон студенти, професори и активисти. Обединетите нации предупредија на систематски обиди за замолчување на критичките гласови и побараа итен прекин на притисоците. Студентите порачаа дека нема да се повлечат и дека ќе продолжат да се борат за своите права.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран