Во скопската населба Топанско Поле, на улицата „Исмаил Ќемали“, започнаа работите за уредување на три нови паркинг-места, проект што долго време го очекуваа жителите на овој дел од Чаир.

Како што информира првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оваа инвестиција е дел од поширок план на Општина Чаир за подобрување на урбаната инфраструктура и олеснување на сообраќајот во брзорастечките населби.

Работите ќе продолжат и во наредните денови, а според Меџити, се изведуваат внимателно за жителите да се соочат со минимални пречки за време на изведбата. Проектот, како што се истакнува, ќе биде реализиран според високи стандарди на квалитет.