УТРО.мк

Дневен хоросокоп за четврток – 14 август: На деловен план, работите ќе се средат за еден хороскопски знак!

Дневен хоросокоп за четврток – 14 август: На деловен план, работите ќе се средат за еден хороскопски знак!
Vero

Овен

Се обидувате да внесете одредени промени во својот живот, но работите не се одвиваат како што сте замислиле. Можно е да чувствувате трема пред средбата со личност која ви значи многу и во која гледате сродна душа. Чувствувате замор и потреба од одмор.

Бик

Можете да се потпрете на поддршката од колегите, бидејќи денешниот ден е особено поволен за деловни активности. Доколку сте слободни, можно е ново познанство кое ќе внесе радост во вашиот живот. Пазете на циркулацијата.

Близнаци

Можно е да не ја добивате поддршката што ја очекувате, поради што ќе треба да направите измени во деловните планови. На љубовен план ве очекува пријатно познанство и период поволен за почеток на нова врска. Чувајте ги зглобовите.

Рак

Постои можност за недоразбирања со претпоставените, затоа обидете се да не ги комплицирате дополнително работите. Деновиве запознавате интересна личност која ќе покаже силен интерес за вас. Денот е погоден за флерт. Пазете се од алергии.

Лав

Не очекувајте премногу од денот, бидејќи околностите не се најповолни. Најдобро е да ги оставите работите да се одвиваат природно. Со саканата личност не сте на иста бранова должина, па избегнувајте расправии. Метаболизмот ви е осетлив.

Девица

Иако неодамна имавте зголемени трошоци, успеавте да го воспоставите финансискиот баланс, што ви носи чувство на гордост. Често мислите на личност која има важно место во вашиот живот. Ограничете ја консумацијата на алкохол.

Вага

Деловната ситуација во голема мера ќе зависи од начинот на кој ќе се поставите. Потребна е зрелост и одговорност. Во љубовта, уживате во присуството на саканата личност, а врската ви влегува во фаза на напредок. Можен е мал пад на енергијата.

Шкорпија

Денот носи позитивна атмосфера на работното место и поддршка од колегите. Во љубовта, ве очекува возбудлива ситуација со личност која ви значи, а можно е и поголемо зближување. Потрудете се да бидете физички поактивни.

Стрелец

Имате поволни услови за започнување нова работа или воспоставување нови соработки. Добивате внимание од личност кон која веќе подолго негувате интерес, а можно е и да сте подготвени за сериозна врска. Стомакот ви е чувствителен.

Јарец

Деловната ситуација е стабилна и работите ви одат според планот. Лесно ги искажувате чувствата и имате хармоничен однос со партнерот. Задоволни сте со она што го имате. Здравјето ви е одлично.

Водолија

Чувствувате добро расположение и силна мотивација за работа. Верувате во личноста со која сте и гледате заедничка иднина. Здравствената состојба е стабилна.

Риби

Доколку посакувате промени на професионален план, ќе треба активно да се ангажирате за нивно остварување. На прво место ви е љубовната стабилност и односот со партнерот. Можно е да имате низок крвен притисок.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран