Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, на која разговараа за идниот развој и унапредување на главниот град. Средбата, одржана во пријателска атмосфера, била можност за размена на искуства и идеи за тоа како Скопје да стане достоинствено, модерно и привлечно место за живеење.

„Трифун сподели прекрасни и многу издржани идеи“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека поддршката и желбата за заедничко придонесување за подобро Скопје се од големо значење.
Двајцата соговорници се согласија дека визијата за Скопје треба да вклучува плански развој, подобрена инфраструктура и поголема атрактивност за жителите и посетителите на градот.