Во среда околу 12 часот, десет маскирани лица обиделе да подметнат пожар на ридот Горица во Подгорица, Црна Гора, изјави за порталот „Вијести“ вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување на Градот Никола Боjановиќ.
„Извршителите ќе бидат предадени на полицијата и процесуирани. Едно од лицата имаше бела маица преку главата со капа. Бегаше додека еден од вработените го гони, но сепак успеа да избега во шумата“, рече Боjановиќ.
Парк-шумата Горица и ридот Љубовиќ од вчера се затворени за посетители до понатамошно известување, а оваа одлука е донесена по состанокот на градоначалникот на Подгорица Сања Мујовиќ со началникот на ЦБ Подгорица Горан Јокиќ.