Фотографија што кружи на социјалните мрежи прикажува група пожарникари на грчкиот остров Хиос кои, по часови борба со големиот пожар, легнаа на патот за да одморат пред да продолжат со справувањето со огнената стихија, објави Телеграф.
Пожарот зафати површина од околу 40.000 хектари, опфаќајќи шумски површини, земјоделско земјиште, куќи, амбари, магацини, возила, мали цркви и продавници во близина на пристаништето. Жителите беа евакуирани, а властите спроведоа спасувачки операции со бродови и хеликоптери.
Поради пожарот, беше прекинато и електричното снабдување поради оштетување на локалната трафостаница. Храбрите пожарникари, кои со часови го чуваа животот и имотот на луѓето, конечно добија краток одмор и заспаа таму каде што се најдоа во тој момент.