УТРО.мк

Клучката кај Подмоље стартува утре: Ново сообраќајно решение на автопатот Кичево–Охрид

Клучката кај Подмоље стартува утре: Ново сообраќајно решение на автопатот Кичево–Охрид
Vero

Клучката кај Подмоље на автопатот Кичево–Охрид ќе биде пуштена во употреба денеска или најдоцна утре, најави министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски. Тој истакна дека оваа клучка е од приоритетно значење бидејќи ги поврзува Охрид и Струга, но и Албанија со Македонија.

„Приоритет е завршување на пристапните патишта од Климештани до Охрид. Овој пат беше испроектиран без ниту еден излез и потпатник, а сега има 16. Решени се и сите имотно-правни и административни прашања за оваа клучка,“ рече Николоски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајковски, информираше дека се работи на секој метар од трасата меѓу Климештани и Охрид. Активни се градежни зафати на натпатникот кај „Св. Еразмо“, каде веќе се асфалтира, како и на натпатникот кај Подмоље, каде се бетонираат греди. Во тек е и изградба на пристапни патишта кај Подмоље, Орвник и Горенци.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со Николоски и Трајковски изврши увид на градежните работи, посочи дека автопатот ќе биде завршен до крајот на следната година и дека во моментов се работи и на стабилизирање на земјиштето на неколку свлечишта долж трасата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран